Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Opening Hours : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Имплантанти уште познати и како импланти, се титаниумски надоместоци кои го заменуваат коренот на забот кој недостасува. Недостаток и на само еден заб влијае на нарушувањето на функцијата на целиот џвакален (стоматогнат) систем, а освен тоа, може и да влијае на драматично нарушување на естетиката. Имплантот ги решава и двата проблема, а притоа се избегнува брусење на соседните заби. Иако постојат бројни методи и техники со помош на кои може да се надомести изгубениот заб, ниту една од нив не е толку функционална, естетски совршена и трајна како имплантот. Имплантот обезбедува најприроден пренос на силите, а на местото на кое е поставен престанува губитокот на коска ( што е нормална појава кога е забот изваден).

Имплантите не се користат само при недостаток на еден заб. ТИе се индицирани и при недостаток на повеќе заби, во комбинација со останатите протетски решенија. Соглсано со тоа, многу успешно се користат во третман на тотално беззаби вилици, кај пациенти кај кои стандардна терапија се тоталните акрилатни протези. Имплантите можат да бидат употребени и како сидро за тоталните протези, со што се обезбедува нивната стабилност, а на пациентите им овозможува ссигурна и удобна функција. Индикациите за поставување на имплантите се многубројни, но најважен е индивидуалниот пристап кон секој пациент.

ПОСТАПКА ЗА ВГРАДУВАЊЕ НА ИМПЛАНТИ

Вградувањето на имплантите се изведува под локална анестезија. Постапката е потполно безболна. На местото избрано за поставување на имплантот, во коската се поставува имплантот (титаниумски штраф), кој потоа се остава да срасне со околната коска во период од 3-6 месеци. Постапката на сраснување на титаниумскиот штраф (имплантот) со коската се нарекува осеоинтеграција. Имплантот е изграден (направен) од чист титаниум кој е специјално обработен за да ги поттикне остеобластите (клетки кои создаваат коска) да создаваат нова коска која ќе го опфати и фиксира имплантот. Овој процес е неопходен за да се обезбеди стабилност и долготрајност на имплантот.

По периодот на осеоинтеграција, имплантот се отвора, и во него се вметнува елемент за формирање на гингивата и гингивалниот раб (делот од непцето кое налегнува на самиот заб) со што се обезбедува природен изглед, „како забот да е природно никнат на тоа место“.

Тој процес трае 2-4 недели, по што следи изработка на траен заб, постапка која е слична на изрзботка на коронка на природен заб.

В ажно е да се напомене дека секој недостаток на природен заб не претставува индикација за постава на имплант. Релативни контраиндикации за вградување на импланти се:

  • Недостаток на коска во пределот на имплантација
  • Намалена густина на на коска во пределот на имплантација
  • Лоша орална хигиена
  • Пушење
  • Некои системски заболувања

Во одредени случаи, постои можност за започнување на постапка за изработка на заби непосредно по поставата на имплантот. На почеток се изработува привремен заб, а по извесно време и траен заб. Во сите случаи, на пациентите им обезбедуваме привремено решение, затоа што од приватни и професионални причини, незамисливо е пациентите да останат без заби ни во многу краток период.

Иако во нитуедна медицинска гранка не постои гаранција за успех на одредена медицинска постапка, вградувањето на имплантите е една од најсигурните постапки во денталната медицина, со процент на успех помеѓу 92 – 96%.