Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Opening Hours : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Стоматолошка протетика

Протетиката е гранка од денталната медицина, која се занимава со изработка на коронки, мостови и протези, а со тоа го спречува и ги решава неправилностите на забниот низ. Стоматолошката поликлника “Ѓорѓиоски”со посебно внимание ги следи новитети од оваа стоматолошка гранка, за да им овозможи на пациентите беспрекорно здравје и убавина на забите. Без разлика на тоа дали ви недостига само еден заб во забната низа, пр.катник, без обзир на тоа што неговиот недостаток не претставува видлив естетски проблем, силите кои делуваат при џвакање, нерамномерно се пренесуваат на соседните  заби, кои започнуваат да се движат кон празниот простор. Со цел да се избегне понатамошната штета која може да настане со нивно придвижување, ви советуваме да се јавите и нашиот стручен тим ќе ви предложи најдобра индивидуална терапија.

Коронки и мостови

Не постои естетски и здравствен проблем  кој со помош на најмодерната технологија, врвните материјали и со стручноста на нашите стоматолози не би можел да се реши. За да ги спасиме вашите заби од понатамошни оштетувања, вградуваме коронки и мостови од најфини материјали, брзо и безболно.

Коронката е фиксен протетски надоместок, вграден на еден заб или пак на забен имплант, кој је покрива забната коронка , при што му дава на забот еден потполно природен изглед, кој ги задоволува високо естетските критериуми.

Забите ги прекриваме со порцелански коронки, во случај кога докторот по дентална медицина, проценува дека забот е оштетен доволно, за да неможе да се санира со пломба. Во нашата поликлиника се изработуваат коронки од метал-керамика, керамика на база на циркон оксид или безметални керамички коронки. Целта на коронката е да ја замени забната коронка, која е оштетена од голем кариес или пак ендодонтски лекуван заб, со голема пломба или променета боја.

Кај ендодонтски лекувани заби(поради големата кршливост), пред поставување на коронката, во коренот на забот се вградува композитна надградба, за да се постигне поголема цврстина. Во случај кога недостига повеќе од еден заб, зависно од распоредот на носачите, се изработува или дентален мост(со цел премостување на дефектот) или дентален имплант,кој се вградува во самата вилична коска.

Традиционалната стоматологија користи метал-керамички коронки изработени од различни материјали, како златно-платинска легура, хром-кобалт-молибденски легури или никел-титаниумски легури, прекриени си естетски порцелански слој. Коронките изработени на овој начин се идеални за прекривање и заштита на  задните заби, кои се најмногу подлжни на џвакалните сили.

Циркон керамичките коронки се наменети за пациенти кои сакаат високо квалитетна естетика. Со изработка на овој тип на коронки се постигнува висока естетика како во однос на бојата(која целосно одговара на бојата на природниот заб), така и во односот заб/забно месо, кој е одговара со природниот однос. Пред да се одлучите за одреден вид на материјал, мора да имате во предвид дека коронките целосно изработени од керамика, се подобра и поубава опција, бидејки овозможуваат природна транслуценција и продор на светлина низ забот, што резултира со целосно природен изглед.

Мобилни протетски надоместоци (протези)

Мобилната протетика е гранка на денталната медицина која се занимава со изработка на протези, придржувајки се кон сите барања на функционалноста и естетиката на забите и вилиците. Мобилните протези може да надоместуваат дел од забите (парцијални протези) или сите заби (тотални протези).

Индикација се изработка на мобилни протетски надоместоци (протези), постојат во случај кога поради било која причина неможе да се изработат фиксни протетски надоместоци.

Мобилните протези се изработуваат од биокомпактибилен акрилатен материјал, кој овозможува лесно чистење и удобно носење.

Фасетки(veneers)

Керамичките лушпички(фасетки)се естетски надоместоци изработени од тенок слој керамика, кој се лепи на предната површина на забот, со цел да се постигне висока естетика на предните заби, односно убава насмевка. Изработката на керамички фасетки е минимално инванзивна метода, со која се остварува природна флуоресценција. Односно тие апсорбираат, рефлектираат и спроведуваат светлина ,подеднакво како и природната забна структура,со што се постигнува целосно природен изглед на забот. Со текот на времето керамичките фасетки не ја менуваат бојата, што е случај со композитниот материјал, кој апсорбира пигменти од храната и после одредено време станува естетски неприфатлив. Се изработуваат во дентална лабароторија, а поради високата прецизност не предизвикуваат иритација, воспаленија и рецесија(повлекување на забното месо). Со помош на керамичките фасетки, може да се отсранат недостатоците во обликот на забот(неправилно обликувани заби,фрактури,големи пломби),положбата на забот(простор помеѓу забите,ротации), големината и бојата на предните заби.

Lumineers

Луминерсите се естетски надоместоци изработени од посебна Cerinate керамика, со многу голема цврстина и дебелина 0.3-0.5 мм, што одговара дебелината на контакна леќа.Се сметаат за најмалку инванзивни естетски надоместоци,кои не бараат отстранување на забна супстанција, туку само припрема на глеѓта со дијамантски борер, за да може да се прилепи на забот. За разлика од класичната керамичка фасетка, каде се отстранува целата дебелина на глеѓта до дентин, кај луминерсите препарацијата завршува во глеѓта ,а забите не се осетливи. Поради истата причина препарацијата при изработка на луминерси , се врши без анестезија, а зафатот е безболен и пријатен за пациентот.

Индикации за изработка на луминерси, се исти како и за изработка на класични керамички фасетки.Со нивна помош успешно се прекриваат различни дисколорации на забот, и се санираат и други естетки недостатоци во положбата и обликот на забите.

Componeers

Componeers е нова комбинација на полимеризирани, нано-хибридни композитни фасетки дизајнирани во Coltène. Овој состав ја комбинира предноста на директната композитна реставрација со лабараториски изработени фасетки, а со тоа овозможува контрола на естетиката во присуство на пациентот. При користење на Componeers потребни се помалку посети, бидејки готовата фасетка се адаптира директно во устата на пациентот. Componeers се достапни во неколку величини и со помош на композитен материјал, може да се прилагодат во секоја уста, било да се работи за реконструкција на еден заб или на цела регија. Доколку дојде до пукање или кршење на овие фасетки, нивната корекција или замена со нови со помош на композитен материјал е многу едноставна. На овој начин се постигнува заштеда на материјал и време, што го чини овој зафат прифатлив за пациентот.