Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Работно време : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА – Ова се најчесто поставуваните прашања од пациентите па затоа вложивме напор да дадеме одговор на што повеќе прашања.

Зошто е важна здрава насмевка?

Атрактивна и здрава насмевка е важна кога среќаваме луѓе и склопуваме пријателства.Таат може да ја зголеми вашата самодоверба и Ве прави да се чувствувате убаво и сигурно.

Ако не се грижите правилно за забите и непцата може да страдате од бројни состојби кои ќе ве натераат да се оддалечуваат од луѓето и тоа поради повеќе причини:

  • лош здив
  • пожолтени заби
  • кариес
  • болести на непцата
  • губиток на заби
  • ерозии на забите

Зошто е важна правилна исхрана за моето орално здравје?

Секогаш кога јадете или пиете нешто благо, вашите заби се цел час под напад на киселини. Ова е поради тоа што шеќерот реагира со бактериите во плакот и се создаваат киселини.Плакот е составен од бактерии и се формира на вашите заби.

Подобро е да имате три или четири оброци во денот отколку постојано нешто да грицкате.

Што е ерозија на забите?

Ерозија на забите е губиток на глеѓта на забот , која настанува поради дејството на киселините.Глеѓта е цврста, заштитна обвивка на забот.Ако таа се изгуби, дентинот се изложува на надворешни влијанија, па забот е со променета боја и осетлив на дразби.

Пијалоци

Кисела храна и газирани пијалоци предизвикуваат ерозија на забите. Сеуште водата и млекото се најдобри пијалоци.Чај без шеќер е исто така добар за забите. Пијте овошни сокови само за време на оброците.Ако пиете помеѓу оброци , разредете ги со вода, или исплакнете ја устата по пиењето на сок.

Грицки

Избегнувајте зашеќерени грицки.Ако имате потреба да јадете помеѓу оброци тогаш јадете :

  • пуканки
  • јаткасти плодови
  • сирење
  • свежо овошје
  • зеленчук
  • супа
  • незашеќерени житарици
  • plain bagels

Какви ефекти има пушењето, алкохолот и дрогата врз моето орално здравје?

Пушењето предизвикува пребојување на забите, болести на непцата, губиток на заби и најсериозното рак на уста.пушењето е една од главните причини за појава на лош здив.

Алкохолните пијалоци исто така предизвикуваат орален канцер.Ако пушите и пиете, тогаш сте во поголем ризик.

Алкохолот го зголемува ризикот од ерозија на забите и кариес.Некои алкохолни пијалоци содржат многу шеќер во нив, а некои мешани пијалоци може да содржат голема количина на киселини, такашто можат да предизвикаат кариес или ерозија на забите доколку се пијат често и во големи количини.

Нелегалните дроги доведуваат до голелеми здравствени проблеми.Пушењето марихуана има исти ефекти врз забите како и цигарите. Другите дроги можат да предизвикаат сувост на устата и зголемен ризик за појава на ерозии, кариес, болести на непцата и лош здив.Дрогите исто така, можат да ве доведат во состојба да чкрипите со забите, што од своја страна може да предизвика главоболки и други здравствеи проблеми.

Како изгледам?

Некои луѓе не се задоволни со изгледот на нивните заби и се несигурни кога се смеат или во се во друштво.Но, може да добиете третман да го решите секој проблем.

Како може да ја подобрам својата насмевка?

Ортодонтската протеза ќе ги исправи вашите заби и ќе го поправи нивниот изглед и загризот. Исто така на долг рок се подобрува здравјето на вашите заби , непца и виличните зглобови , бидејќи притисокот од џвакањето правилно се распределува на сите заби.

Постојат различни типови на протези, но вашиот ортодонт ќе поразговара со ВАС ЗА она што е најдобро за вас.

Колку долго ќе ги носам протезите?

Тоа зависи од сериозноста на проблемот, и може да трае од неколку месеци до две и пол години.Најчесто третманот трае од една до две години.

Што е накит за заби?

Забниот накит вклучува лепење на мал циркон на забот со користење на забен цемент. Цирконите се поставуваат од страна на стоматолог, кој може лесно и да ги отстрани доколку повеќе не се потребни.

Важно е да се одржува местото околу цирконот чисто за да не се задржува плак околу него.

Кои се опасностите од пирсингот на уста и јазик?

  • инфекција
  • околните ткива се воспалуваат
  • крвни инфекции
  • печење на јазик
  • забите може да се потскршат или скршат
  • може да е отежнато зборувањето, јадењето и голтањето
  • тешко се одржува чиста уста
  • се отежнува стоматолошкиот третман

Како да ги заштитам забите кога спортувам?

Штитникот за уста ќе ви помогне да ги заштитите збите па и вилицата од повреди при спортување.жВажно е да се носи професионален штитник за уста секогаш кога играте или спортувате/

Прашајте го вашиот стоматолог за штитник за уста.

Совети за тинејџери

  • Четкајте ги вашите заби пред легнување и наутро, со паста со флуориди. Kористете четка со мала глава и меки или средно меки влакна, четкајте 2-3 минути
  • Јадете блага храна и благи пијалоци само за време на главните оброци..
  • Посетувајте го вашиот стоматолог најмалку еднаш годишно, или онолу често колку тој ќе препорача
  • Користете конец и интердентална четкичка најмалку еднаш денво за да го отстраните плакот и храна меѓу забите.
  • Користете водички за уста за свеж здив.
  • Користете сламки ако пиете газирани пијалоци, бидејќи така ја насочувате течноста кон задниот дел од устата ,па се намалува контактот на забите со киселината од  пијалокот.
  • Причекајте најмалку еден час после јадење и пиење на кисела храна пред да ги исчеткате забите.
  • Џвакајте гуми за џвакање без шеќер после јадње,бидејчи ја стимулираат плунката, која пак ја неутрализира киселината што настанува во устата по јадњење.

Зошто е важна здрава насмевка?

Атрактивна и здрава насмевка е важна кога среќаваме луѓе и склопуваме пријателства.Таат може да ја зголеми вашата самодоверба и Ве прави да се чувствувате убаво и сигурно.

Ако не се грижите правилно за забите и непцата може да страдате од бројни состојби кои ќе ве натераат да се оддалечуваат од луѓето и тоа поради повеќе причини:

  • лош здив
  • пожолтени заби
  • кариес
  • болести на непцата
  • губиток на заби
  • ерозии на забите