Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Opening Hours : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Незадоволството од сопствената насмевка веќе e минато. Во нашата поликлиника имаме на располагање цела низа на дентални постапки, со кои, освен добро орално здравје, можеме да постигнеме дополнителена самодоверба и враќање на убавата насмевка. Естетската дентална медицина не само што не ја запоставува својата основна задача – хармонична функција на стоматогнатиот (џвакалниот) систем туку и ги прати сите современи потреби за совршена естетика. Тој дел од денталната медицина, освен добра превенција, дијагноза и санација на оралните структури, става особен акцент на изгледот на насмевката, како и здравите и бели заби. Естетската дентална медицина вклучува:

  • Белеење на заби – белите заби придонесуваат за поубава и здрава насмевка на лицето
  • Керамички луски (лушпи или venners) – најпопуларна и најбрза метода за разубавување на насмевката, корекција на бојата, формата и положбата на забите, со што се дава нова димензија на вашата насмевка
  • Безметални коронки – овозможуваат апсолутна природност на бојата и формата на забот и природно прекршување на светлината. Не содржат „сив метал“ со што се придонесува за врвен естетски ефект
  • Smile makeover – преуредување на насмевката

Постапките кои овде ќе бидат опишани, традиционално се вбројуваат во естетски дентални зафати. Сепак, мораме да нагласиме дека денес, се што работиме за нашите пациенти мора да биде изведено до максимален естетски резултат. Тоа е придобивка за секој пациент во нашата Стоматолошка Поликлиника ЃОРЃИОСКИ.

ПРЕУРЕДУВАЊЕ НА НАСМЕВКАТА

Оваа постапка вклучува соработка и интеракција на сите стоматолошки дисциплини со цел да се постигне реконструкција на насмевката и да се постигне природен и младешки изглед на целото лице. По деталниот преглед со анализа на фотографии и студиски модел, тимот од нашите врвни доктори (специјалисти по ортодонција, протетика, пародонтологија – болести на уста и заби и орална хирургија) се поставува дијагноза и се донесува план на терапија што се презентира на пациентот. Во договор со пациентот, а во согласност со неговите желби и можности, се донесува дефинитивниот план за терапија.

Убавата насмевка има неколку заеднички карактеристики:

  • Забите се во една рамнина,
  • загризот е правилен,
  • големината и формата на забите е во склад со градбата и формата на лицето
  • забите се бели, без дамки, пукнатини и траги на истрошеност
  • при смеење не се гледа преголем дел од гингивата
  • линијата која ги спојува рабовите на горните заби ја прати закривеноста на долната усна
  • Односот на забот со гингивата што често се занемарува е пресуден за врвен резултат

Тој однос на „црвено-бело“ им се презентира на сите пациенти, при првиот преглед.

Доколку сакате и Вашата насмевка да ги има овие карактеристики, кандидат сте за естетска реконструкција, односно за smile makeover.

КЕРАМИЧКИ ЛУШПИ –VENEERS

Керамичките лушпи се индивидуално изработени керамички фасети, што се цементираат на припремена површина на забот. Денешните материјали – извонредно транслуцентната и транспарентна керамика, која се користи при изработка на ваквите надоместоци овозможуваат природен изглед. Денес се користи високо развиена CAD/CAM технологија за изработка и обработка на современите материјали. Керамичките лушпи можат да решат поголем дел од естетските проблеми во стоматологијата, но, само по добро извршен преглед и правилно поставена индикација.

Проблеми кои успешно се решаваат со керамички лушпи се:

  • Сите оштетувања и обојувања на глеѓта без разлика на причината
  • Помали ортодонтски аномалии, како што се простори меѓу забите (дијастема) и некои помали ротации

Доколку пациентот сака за неколку нијанси да ја промени бојата на забите, а притоа е задоволен со положбата и формата на своите заби и нема обојувања и дефекти на глеѓта, сосема е доволно да се подложи на постапка за избелување на забите. Доколку постои незадоволство од формата и положбата на забите, или пак постојат оштетувања на глеѓта, тогаш порцеланските лушпи се  тереапија на избор.

Забните лушпи се изработваат во лабораторија, а не директно во уста. Заради тоа, потребни се две и повеќе посети кај стоматологот. Трајноста на порцеланските лушпи е околу 10-15 години, во зависност од биолошкиот фактор, негата на забите и останатите орални структури. Лушпите пружаат исклучителни естетски резултати, а со минимална инвазивност претставуваат брзо, ефеикасно и трајно решение за убава насмевка.

МОСТОВИ

Мостовите се фиксни протетски надоместоци кои го надоместуваат недостатокот на еден или повеќе заби. Недостатокот на заби може да доведе до патолошки промени во загризот, поместување и навалување на забите, оштетување на виличните зглобови, развој на пародонтална болест и настанок на кариес. При изработка на мостовите, неопходно е да се состругаат соседните заби кои ќе послужат како носачи за мостот. Мостот се состои од коронка – носач на мостот и тело на мостот кое се протега меѓу најмалку два носачи и ги заменува забите кои недостигаат. Материјалите кои служат за изработка на денталните мостови се метал-керамика и безметална керамика. По брусењето на забите, се зема отпечаток, на основа на кој технчарот во лабораторија ќе го изработи индивидуалниот надоместок – денталниот мост. Додека е мостот во изработка, пациентот добива заштитни коронки за брусените заби за да може во тој период нормално да функционира. Трајноста на мостовите и на коронките е зависно од општото здравје на пациентот, добрите хигиенски навики и редовните контроли. Иако мостовите пружаат задоволителна естетика и функција, денес наш прв избор за терапија и третман на делумно или тотално беззаба вилица се денталните импланти.

CAD/CAM технологија

CAD/CAM (computer aided design/computer aided manufacturing) технологија претставува револуција во изработката на забните надоместоци, а се базира на компјутерски 3D програми. Таквиот систем се одликува со исклучителна прецизност во изработката и во потполност е исклучена можноста за човечка грешка. CAD/CAM системите се состојат од скенер, кој на основа на земениот отисок од устата, ја скенира границата на препарација на забот со исклучителна прецизност. Информациите се испраќаат до уред кој од блокче избран материјал (титаниум, цирконија или злато) се изработува кошулка и јадро на надоместокот, на кои во понатамошна постапка се нанесува керамика. Оваа технологија се користи и при изработка на инлеј, онлеј, коронки, мостови и лушпи. CAD/CAM системот пружа исклучителни техничко технолошки можности и е неизоставен дел од од секоја реставративна дентална медицина.