Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Работно време : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Ортодонција

Што е ортодонција?

Ортодонција (грч. orthos=прав,совршен, odontos=заб) е специјалистичка гранка од стоматологијата, која се занимава со проучување на растот и развојот на вилиците, забите и орофацијалната регија како целина, како и со проучување на развојните пореметувања и можните причинители на неправилности.

Ортодонцијата опфаќа дијагностика, превенција и лечење на малоклузиите(неправилности во положбата и односот на забите и вилиците). Ортодонтската терапија ја спроведува исклучиво доктор стоматолог,специјалист по ортодонција.Во повеќето земји, па така и во Македонија , звањето специјалист ортодонт , се стекнува со полагање на специјалистички испит по завршувањето на специјализацијата по ортодонција во траење од три години, на која може да се пристапи по завршетокот на студиите од стоматологија,  завршен едногодишен стаж, и положен државен испит.

Прва посета кај ортодонт

Првата посета кај ортодонт би требала да биде во 7 мата година од животот на детето.Тогаш ќе ви ја објасниме природата на аномалијата, можностите за лечење и возраста во која се спроведува.Ако постои потреба , можеби ќе ви предложиме рана, таканаречена интерцептивна терапија, или ќе се утврди ритам на посети  кои ќе имаат за цел да се прати растот до моментот кога ќе треба да се почне со терапија.Исто така ќе ви предложиме кога да направите рендгенска слика на сите заби-ортопантомограм(панорамска снимка).Некои неправилности потребно е да се третираат порано, за да не се развијат во поозбилен проблем кој е потешко да се реши, а повеќето аномалии најдобро е да се третираат во периодот меѓу 8 и 14 години.Важно е да се нагласи дека не постои возрасна граница за ортодонтска терапија.Неправилностите на забите и вилиците можат да се исправат во секое животно доба.Во последно време  успешно се третираат пациенти и на возраст од 60 години па дури и повеќе.

Рана (интерцептивна)ортодонтска терапија

Целта на раната(интерцептиван)терапија е спречување на развој на аномалијата во поголем проблем кој покасно потешко се решава,односно да се исклучи потребата од фиксен апарат во подоцнежната возраст,или да се направи поедноставана или пократка.Со интервенција во раната возраст може да се спречи подоцнежната потреба за вадење на заби, да се исправат неправилности како обратен преклоп(долните заби преку горните), или вкрстен загриз.На детето му помагаме да престане со навиката на цицање на прст, усницата, дишење на уста.Терапијата се изведува со различни апаратчиња во зависност од проблемот.

Возрасни пациенти

Императив на современиот човек е убав и здрав изглед кој е условен и од убавата насмевка.Затоа има се поголем број пациенти кои на поголема возраст сакаат прави и убави заби.Возрасна граница за ортодонтска терапија не постои.Практично, нема разлика помеѓу поместувањата на забите и механиката со која го постигнуваме поместувањето кај возрасни и кај деца.Со ортодонтската терапија во секоја возраст можат да се исправат истурени( протрудирани) заби, вовлечени(ретрудирани), раздвоени заби, можеме да ги затвориме празнините кои настанале со вадње заби во порана возраст и така да се елиминира потребата за мостови или импланти.

Возрасните пациенти често пати ги праќаат нивните стоматолози, за да со ортодонтската терапија ги доведеме забите во оптимална поставеност за одржување(чистење), или изработка на мостови и импланти кои без нашиот зафат не би било можно да се изведе.Денес сме во можност со најсовремените ортодонтски направи,кои ги задоволуваат и највисоките естетски стандарди,да го решиме скоро секој проблем и да Ви се овозможи насмевка каква сте сакале  секогаш.

По поставување на ортодонтскиот апарат…

По поставувањето на апаратот можни се мали и преодни нелагодности, како што е осетливост на забите или иритација на внатрешната страна на образите и усните.Елементите на апаратот кои ги иритираат усниците и образите можат да се покријат со ортодонтски восок.Нелагодноста може да се ублажи со испирање на устата со млака солена вода пред и по јадење.Секоја нелагодност престанува по неколку дена и повеќето пациенти на апаратот се навикнуваат многу брзо.Со развојот на новите ортодонтски материјали и техники, фиксните апарати станаа многу попријатни за носење, а е намален и бројот на потребни посети.

Подвижност на забите

Подвижноста на забите е нормална појава во текот на ортодонтската терапија и не би требало да ве загрижува. Забите повторно ќе се зацврстат со стабилизација на ситуацијата и со симнување на апаратот по завршувањето на терапијата.

Исхрана

Внимателен ортодонтски пациент не мора да ја менува својта вообичаена исхрана т.е. може да јаде се, без страв дека ќе го оштети апаратот.Сепак, постојат одредени правила кон кои треба да се придржуваат и групи на храна која треба да се избегнува:

Тврда храна доколку се одгризува , може да ги одлепи брикетите, да ја подигне жицата или да го одцементира прстенот.Треба да се избегнуваат јаткасти плодови(лешници , бадеми), како и крцкава храна и тврда корка од леб.Јаболки, праски, тврди сендвичи и корките леб треба да се сецкаат на залаци и внимателно да се соџвакаат.После колачи,бисквити, сладолед и сл. забите треба веднаш да се измијат, а ако за тоа нема прилика, барем добро да се исплакне устата и забите со чиста вода.Посебно треба да се избегнуваат лепливи слатки, како карамели или гумени бомбони кои исто така можат да ги одлепат брикетите.

Мастики за џвакање:да или не?

Џвакањето на гуми за џвакање без шеќер се препорачуваат на ортодонтските пациенти бидејќи ја зголемува прокрвеноста на потпорното ткиво на забите, ја намалува нивната осетливост и можноста за појава на кариес.

Витамин C е битен за здравјето на потпорните ткива на забите во текот на ортодонтската терапија. Има важна улога во зацелување на коската и колагените влакна, кои ги опкружуваат забите во текот на нивното поместување.Најдобар извор на витамин Ц се:портокал и сок од портокал, карфиол, зелена пиперка, грејпфрут и сок од грејпфрут, јагоди, домати и сок од домати , диња , малини…

Совети за одржување на орална хигиена Не е можно доволно да се нагласи важноста на оралната хигиена особено во текот на ортодонската терапија. Забите може да се четкаат со обична или електрична четка за заби која е поедноставна за примена.

Забите треба да се четкаат по 5 минути и тоа после секој оброк.

retencijaРетенција

SПо симнувањето на фиксниот апарат се завршува активниот дел од третманот.Следува завршниот ,но не и помалку важен чекор кој се вика ретенција.

Ретејнерите се мобилни апарати кои се носат после фиксниот апарат, а служат за задржување на забите во исправна положба се додека коската , гингивата, усниците и образите не се прилагодат на новонастанатата ситуација.РЕТЕЈНЕРИТЕ мораат да се носат точно следејќи ги нашите упатства, во спротивно забите можат да се вратат во првобитната положба.Ретенциониот период се одредува за секој пациент посебно
Фиксната ретенција  е 3-3 ретенција.Се работи за тенка жица која се фиксира за внатрешната површина на горните и/или долните предни 6 заби.Фиксниот жичан ретејнер не е видлив, не пречи на јадење и говор, и е практичен. ОВОЗМОЖУВА нормално физиолошко поместување на забите, но го спречува нивното враќање во првобитната положба.Со ваков ретејнер не е потребно постојано носење на мобилни ретејнери, туку само ноќе и во пократок период.

“Апаратчиња за заби”

“Апарат за заби” е вообичаен назив за ортодонтска направа која ја користи пациентот.Се користат и изразите ортодонтска направа или ортодонтски апарат, а тоа се направи со кои специјалистот ортодонт ги исправува неправилностите во положбата на забите и меѓувиличните односи.Основна поделба на ортодонтските направи е на мобилни и фиксни.

fiksen ortodontski aparatФиксен ортодонтски апарат

Најделотворен и најчест начин на корекција на ортодонтската аномалија е фиксната ортодонтска терапија.Основни делови на фиксниот апарат се брикети, прстени или туби и жичан лак. Прстените или тубите се поставуваат на првите трајни молари.

Брикетите се лепат со посебен ортодонтски лепак на претходно припремената површина на забите.Тие можат да бидат метални или естетски,во зависност од желбата на пациентот.  Со посебна припрема на површината на забите се оневозможува појава на кариес под залепените брикети.Жичаниот лак поминува низ вдлабнатината на брикетите и влегува во тубите или прстените на моларите.Во текот на терапијата ги менуваме и ги прилагодуваме жичаните лаци.

Гумичките(лигатури) го држат жичаниот лак во брикетите, а можат да бидат прозирни или во боја, во зависност од желбата на пациентот.

Самоврзувачки брикети

Самоврзувачките брикети, за разлика од другите, имаат елемент кој го држи лакот во брикетот, па нема потреба од гумички.Поради своите својства го скратуваат времето на носење и вкупниот број на посети кај ортодонтот.

estetski briketiЕстетски брикети

Во последните години, ортодонтите се соочени со желбите на пациентите за што е можно помалку видливи и поубави ортодонтски направи. Во нашата Поликлиника користиме најквалитетни видови на брикети, метални ,естетски самоврзувачки и лингвални брикети.Но во зависност од видот на аномалијата ќе ви сугерираме и кои брикети се за Вас најдобар избор. На нашите пациенти им го кажуваме она што го кажуваат најголемите имиња во светската ортодонција:

Забите не се поместуваат од брикетите, туку ги поместуваат ортодонтите!

Мобилни апарати

Мобилните апарати се оние кои пациентите можат сами да ги вадат и ставаат.Се делат на мономаксиларни(за секоја вилица посебен апарат) и бимаксиларни(еден апарат за двете вилици)Служат за лимитирано поместување на поедини заби ,или со нив се обидуваме да го модифицираме растот на вилиците.Важно е да нагласиме дека мобилните апарати имаат поограничена примена и не се алтернатива на фиксниот апарат. Нашата поликлиника има склучено договор со ФЗОМ и мобилните апарати се изработуваат на товар на ФЗОМ.

Лошата насмевка е минато. Денеска на располагање ни стојат огромен борј дентални процедури со чија помош, освен орално здравје, може  да постигнеме и убава насмевка. Естетската дентална медицина  не ја занемарува својата основна задача – хармонично функционирање на џвакалниот систем, меѓутоа ги следи и потребите за естетика. Tој дел на денталната медицина, освен на добра превенција, дјагнозата и санацијата на оралните структури, но и акцент на естетика на насмевката, здрави и прекрасни бели заби. Естетската дентална медицина вклучува:

  • Белеење на забите – белите заби допринесуваат кон поубав и здрави изглед на лицето
  • Керамичките лушти  (veneers) – се најпопуларна и најбрза метода на разувбавување на насмевката, поправање на бојата, формата и положбата на забите и со тоа даваат нова димензија на Вашата насмевка
  • Безметални коронки – овозможуваат апсолутна природност на бојата и обликот на забите, извонредно природно прекршување на боите, не содржат „црн“ метал, што допринесува на врвниот естетски ефект
  • “smile makeover”

Лечење на виличниот зглоб и џвакалните мускули

Областа на виличниот зглоб(темпоромандибуларен зглоб) и џвакалните мускули по честота е трета причина за појава на болка во подрачјето на лицето и устата. Многу често зглобната болка може да биде заменета со болка во заб, бидејки болката се шири, а ова го усложнува дијагностицирањето.Темпоромандибуларната дисфунција е заболување кое се дијагностицира од повеќе лекари: ортодонти,оториноларинголози, физијатри, ортопеди и хирурзи и токму затоа поставувањето на точна дијагноза и терапија е отежнато.

Современиот пристап на болестите на темпоромандибуларниот зглоб и џвакалните мускули вклучува правилна дијагностичка постапка, анализа на фунцијата,како и утврдување на точниот механизам и причина за заболувањето. Многу често пореметувањето во загризот е главна причина за болки во лицето, вратот,увото, главата.

Кај сите наши пациенти , во текот на првиот преглед и покасно при контролните прегледи , се проверуваат знаците кои може да укажуваат на настанато пореметување на виличниот зглоб и џвакалните мускули.Доброто познавање на проблематиката на виличниот зглоб на клиничарот му овозможува делотворно утврдување на причината, која подоцна ќе ја отстрани.Дури и напреднатите заболувања на фунцијата на зглобот како чкрипење, абрадирани заби и оштетени заби и мускулни структури, со правилни тераписки постапки, во најголема мера се ублажуваат или во потполност се отстрануваат. Најчесто се работи за долгогодишна болна состојба, која го нарушува квалитетот на животот, пациентот е свесен, но обично добивал погрешни информации за тоа дека не е можно да се лекува и дека темпоромандибуларната дисфункција е вродена состојба.

Како да ги препознаеме пореметувањата на џвакалниот зглоб, мускули и џвакалниот систем. Симпотоми кои укажуваат на темпоромандибуларна дисфунција се:

  1. Било какви звуци од зглобот – чрипење, крцкање, дробење, кликање
  2. Необјаснива болка во лицевата регија
  3. Болки во подрачјето на забите за кое не е можно да се утврди дека заб е причинител
  4. Напнатост на лицевите мускули
  5. Болка при притсок на поедини места , како под и пред увото
  6. Повлекување на забното месо, на поедини заби, најчесто канините и предкатниците
  7. Прекумерно трошење на забот
  8. Чкрипење на забите при спиење (брукзизам)
  9. Асиметрија на долната вилица
  10. Неправилно затварање со прескокнување при затварање на устата