Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Работно време : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Општа Стоматологија

Ендодонција

Во стоматолошката поликлиника Ѓорѓиоски се придржуваме кон мотото дека секој заб е вреден да се спаси од фунционална и естетска страна.

Ендодонцијата е гранка од денталната медицина која се занимава со дијагноза и терапија на оштетениот забен нерв. Забниот нерв може да биде оштетен како резултат на траума или поради инфективен агенс кој го има во забниот кариес. Во случај кога забниот нерв е оштетен , пациентот се жали на болка провоцирана, од ладно, топло, благо или при џвакање. Нашата цел е поставување на дијагноза(откривање на забот причинител), обезболување со помош на анестезија, отстранување на забниот кариес и обработка на коренскиот канал, или канали, кај повеќекорените заби. Наредната сеанса се врши оптурација(затварање на коренските канали со  висококвалитетни средства за оптурација и поставување на пломба, во случај кога оштетувањето е помало, или коронка кога е изгубена повеќе забна супстанција.

Ендодонцијата е гранка од стоматологијата која се занимава со лечење на инфекциите на забната пулпа, односно нервот на забот.Предизвикувачи на вакви воспаленија се најразлични типови на бактерии кои го инфицираат забниот нерв, а до него се шират преку забниот кариес. Инфицираниот нерв дава клиничка слика со изразена болка и поради тоа претставува многу непријатно искуство . Доколку бактериската инфекција напредува бавно, овој процес може да биде безболен. За да се зачува овој заб, потребно е адекватно ендодонтско лечење. Конзервативното ендодонтско лечење опфаќа:

  1. девитализација ( умртвување на инфицираниот забен нерв)
  2. екстирпација (отстранување на умртвениот дел со нерв игли)
  3. механичка обработка на коренскиот канал и истовремено испирање  со средства за дезинфекција
  4. полнење на коренскиот канал со биокомпактибилни средства за обтурација
  5. пломбирање

Досегашнава мануелна техника на обработка на коренските канали, опфаќа рачно ширење и обработка на коренскиот канал.Недостаток на оваа метода е тоа што не секогаш се има увид, дали е отстранет целиот инфективен материјал од коренскиот канал  и дали е проширен каналот до самиот врв. Посебна проблематика се  вродено кривите коренски канали ,кои неможат да се обработат со ригидните рачни инструменти.

На сликата се гледаат непотполно наполнети коренски канали,кои после неколку години манифекстираат  бактериска инфекција и коскено разградување како резултат на истата.

rendgen image 1Наспроти рачната обработка, современата машинска обработка опфаќа:

  1. Презизно одредување на должината на коренот со помош на дигитален електродоонтометар
  2. Одредување на врвот на коренот со помош на електричен локатор
  3. Целосно отстранување на инфицираниот материјал со помош на минијатурен инструментариум
  4. Конична и тродимензионална обработка на коренските канали, па дури и кривите, со помош на флексибилни ендодонтски игли
  5. Исполнување на обработениот коренски канал со неутрален материјал (гутаперка) , која ги исполнува сите кривини и неправилности на коренскиот канал, со што се намалува ризикот од дополнителна инфекција.

 

rendgen image 2На сликата се прикажани целосно наполнети анатомски криви коренски канали, без никаки коскени промени и после неколку години.

Машински обработениот коренски канал има многу подобра прогноза, бидејки ризикот од заостанување на бактериска инфекција е сведен на минимум, со помош на посебната технологија, исполнети се и најмалите порозности во забниот корен, со што е постигната максимална обтурација.

Белеење на заби

Белеењето на забите се врши со помош на оксидациски средства, карбамид или водороден пероксид кои се нанесуваат во облик на гел по површината на забот. Средствата зза избелување се разликуваат по концентрацијата на активната супстанција и начинот на активација,која може да биде хемиска,светлосна, термичка и ласерска.

Пред нанесување на оксидацискиот дел на забот,потребно е да се исчистат тврдите и меките забни наслаги,забите добро да се исполираат, за забното месо да се заштити од делувањето на гелот.Постапката на нанесување и отстранување на гелот се повторува неколку пати во текот на ординациското избелување, а постапката трае околу 1 час.

Забите може да се избелуваат и во домашни услови, со помош на индивидуални изработени калапи, во кои пациентот секојдневно става активно средство и го носи калапот према упатствата на стоматологот. Таа постапка трае околу 8 дена, а може и да се повтори. Исто така, домашното избелување може да се изведува и како дополна на ординациското белеење во фазата на одржување на белината на веќе избелените заби, за да ефектот на бели заби се одржи подолго време.

Депигментација на забите

Пигментација е промена во бојата на забот.Тие може да бидат “вградени”во структрута на забот (како последица на земање на некои лекови во времето на минерализација на забите) или адхерирани на површината на забот како последица на пушење,конзумирање на обоени пијалоци (кафе, црвено вино, разни чаеви или долготрајна терапија со хлорхексидин.

Пигментациски наслаги најчесто среќаваме на предните долни заби и најчесто неможеме да ги oтстраниме со четкање на забите. Пушачите обично имаат повеќе наслаги, меѓутоа може да се сретнат и кај непушачите. Наслагите може успешно да се отстранат со помош на млаз од вода и прав со различен овошен вкус.Млазот продира и измеѓу забите и успешно ги отсранува наслагите.

Депигмантациските пескари,под притисок исфрлаат ситни зрнца натриум бикарбонат и вода , при што ги чистат забите и ја враќаат природната белина.После чистењето, забите се мазни и бели, а со постапката на пескарење се спречува создавање на нови пигментации.

Спречување на кариес и парадонтопатија

Превентивните постапки се важен дел од стоматолошката заштита. Начинот на четкање на забите и одржување на хигиената се разликуваат зависно од односот на вилиците и индивидуалната склоност кон кариес.

Спречување на појавата на кариес, може успешно да се спроведе со индивидуален пристап за превенција  и со постапки кои глеѓта ја прават поцврста и поотпорна кон бактерии.Со професионалното чистење на забите и едукацијата на пациентот може да се превенира појавата на кариес и парадонтопатија.

Композитни полнења (пломби)

Композитните материјали,т.е естетските материјали за исполна, со своите естетски и физичко-механички својства,многу квалитетно ја надоместуваат изгубената забна супстанција.За разлика од амалгамите, композитни материјали во целост задоволуваат естетски. Бидејки лепењето на пломбата за површината на забот е со помош на хемиска врска (хемиски адхезивни средства), се намалува потребата од широко отварање и непотребно одземање на здрава забна супстанција. Композитните пломби се изработуваат по принцип на минимално инванзивна стоматологија.

Најнова иновација се композитите на база на нано-технологија, која се карактеризира со исклучителна можност за полирање и многу високи естетски резултати.