Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Opening Hours : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Дентален Рентген

Нашата ординација е опремена со најсовремен дигитален интраорален рендген апарат – Gendex Expert DC, кој 12 години по ред е прогласен за најдобар интраорален рендген апарат (“Best Intraoral X-rayTownie Choice Award).

Има извонредни перформанси. Мала фокусна точка која обезбедува извонредна јасност и деталност на сликата, има исклучително ниска доза и време на зрачење (намалено до 10 пати во однос на конвенционалните рендген апарати).

Со овој апарат се добива рендген слика на самото работно место, додека пациентот седи на стоматолошкиот стол, пред, за време или по завршеток на интервенцијата, со што се штеди време, а допринесува за брза, навремена и точна дијагностика.

Во можност сме да направиме повеќе видови на интраорални рендген слики и тоа:

  • Класична ретроалвеоларна слика на еден или група заби;
  • Слика во загриз – вертикална и хоризонтална;
  • Ретрокоронарна слика во тек на ендодонтски третман;