Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Работно време : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Белеење на заби

Некои луѓе се родени со прави, убави и бели заби. За сите останати постои стоматолошка поликлиника Ѓорѓиоски. Долгогодишното искуство го споивме со напредна технологија, а вештините и знаењето кои ги наследивме, континуирано ги усовршуваме за да ви обезбедиме стоматолошка услуга каква што заслужувате.

Иако постојат повеќе различни начини за белеење на заби, како и многу сетови за белеење во домашни услови, најдобро е прво да севетувате со стоматолог пред да пробате некој од средствата за белеење. Без правилно спроведено белеење може да се случат оштетување на забите и на гингивата.

Ако вашиот стоматолог е запознаен со состојбата во вашата уста тогаш тој ќе ви го понуди најдоброто решение за белеење на вашите заби. Имајте на ум дека редовните и темелни чистења на забите ќе помогнат да ги одржите забите бели. Исто така и пастите за белеење можат да бидат ефикасни во одржување на бели заби.

Природната белина на забите не е лесна за одржување, пред сѐ, поради годините и вообичаените навики, како што се пушењето, обоени пијалаци и кафето. Третмани за белење на забите некогаш одземало по неколку часа, па дури и по неколку денови, а денес тоа е многу лесно и практично кога станува збор за поликлинка која располага со современи машини и со современи  методи за таа намена. Сето тоа што го работиме за нашите пациенти мора да биде изведено со максимален естетски резултат. Тоа е придобивка за секој пациент во нашата Стоматолошка Поликлиника ЃОРЃИОСКИ.

Академски стрес и бруксизам

Стресот може да предизвика чкрипење со забите што пак предизвикува забразија на забите и темпоромандибуларни неправилности- болна состојба пропратена со болка при отворање и затворање на устата, кликање на зглобот и други симптоми. Ако забележите дека ве боли вилицата наутро, ако слушате клик при отварање и затварање на устата, ако забите ви се осетливи, најверојатно чкрипите додека спиете. Затоа најдобро е да закажете термин преку кој ќе ви се предложи апарат за бруксизам што ќе бе штити и ќе ви ги олесни симптомите.