Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Opening Hours : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Децата како пациенти

Детската стоматологија претставува можеби најчувствителна гранка на стоматологијата. Оваа област го опфаќа лечењето на устата и забите кај децата и пациентите со помала возраст. Како и секоја гранка во стоматологијата, детската стоматологија се одликува со свои специфики.

Страв од стоматолог

Стравот од стоматолог може да го предизвика изгледот на просторијата, мирисот, унифомрираноста на вработените и слично. Според досегашното искуство, директниот и искрен пристап кон децата е најдобар начин тие да стекнат доверба во стоматологот.

Ние како искусна стоматолошка поликлинка свесни сме за стравот кај децата и нивното одење на стоматолог. Непознати лица, апаратите и звуците можеат да ги исплашат децата. Затоа и ве советуваме и ви препорачуваме вашето дете да го донесете неколку пати во ординацијата без каква било интервенција на забите, туку само со цел тоа да развие доверба и да се запознае со средината. Пријателскиот однос на нашиот тим ќе направи вашето дете да се чувствува сигурно и безбедно.

Хигиена

Потребата за дентални контроли се појавува уште при никнување на млечните заби. Родителите ќе ги посоветуваме за важноста на следниве превентивни мерки:

– правилно четкање на забите

– избор на четка и паста за заби

– правилна исхрана

– отстранување на лошите навики

– важноста на здравите млечни заби

– професионална флуоридација

Ги советуваме сите родители да водат грижа за оралната хигена на своите деца. Научете ги вашите деца уште од рана возраст да стекнат навика за грижа на забите. Редовните стоматолошки прегледи се превентива за спречување на посериозни проблеми кај забите што се појавуваат кај децата.

Заштита

Најдобра заштите на забите се постигнува со индивидуално изработени шини. Откако ќе се земе отпечаток, тие се изработуваат во лабораторија.