Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Opening Hours : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

ПОЧЕТОЦИ И РАЗВОЈ

za-nas

Стоматолошката Поликлиника Ѓорѓиоски е семејна приватна поликлиника заснована на традиција, знаење, постојано стручно усовршување и модерна технологија. Традицијата од преку 40 години во врвната стоматологија и 20 години сопствена приватна пракса ни го дава потребното искуство во секојдневната работа. Постојаното усовршување низ стручна едукација одсекогаш бил предуслов за успешна работа во стоматологијата.

Трајната едукација претставува темел на нашата ординација

Стоматолошката поликлиника Ѓорѓиоски работи од 1994 година –во почетокот како стоматолошка ординација, а од 2009 година како стоматолошка поликлиника со ординации за ортодонција , протетика и  општа стоматологија.

Традицијата на нашата ординација ја започна д-р Радован Ѓорѓиоски уште далечната 1975 година. Долгогодишното искуство го споивме со напредна технологија, а вештините и знаењето кои ги наследивме, континуирано ги усовршуваме за да Ви обезбедиме стоматолошка услуга каква што заслужувате. Во поликлиниката Ѓорѓиоски ќе ве дочекаат со насмевка и внимание искусни и посветени стручњаци, а Вие ќе се чувствувате пријатно и сигурно.


Ви стоиме на располагање секој работен ден од 10-20 часот. Го почитуваме времето на нашите пациенти и ќе се прилагодиме на вашиот распоред. Ќе ве потсетиме на секој закажан термин и на секоја редовна контрола.