Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Работно време : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Стоматолози

Д-р Ирена Димитровска

Д-р Ирена Димитровска е родена 1972 година во Скопје, каде завршува основно училиште и средно медицинско училиште отсек забен техничар.

На стоматолошки факултет во Скопје дипломира во 1997 година. По завршување на приправничкиот стаж и положување на државниот испит, започнува со работа во ПЗУ„Д-р Радован Ѓорѓиоски„ како доктор по општа стоматологија.

Во 2000 година започнува со специјализација ортодонција на Стоматолошкиот Факултет во Скопје при универзитетот св. Кирил и Методиј. Во 2003 година по положување на специјалистичкиот испит, се стекнува со називот специјалист по ортодонција и продолжува со својата работа во ПЗУ„Д-р Радован Ѓорѓиоски“.

Покрај ортодонтската работа и постојаните усовршувања во таа област, Д-р Ирена работи и естетска стоматологија, ендодонција, интердисциплинарна соработка во комплексни случаи, предхируршка подготовка,парадонтолошко-ласерска терапија, терапија на темпоромандибуларни дисфункции, како и детска стоматологија.