Мирјана Ѓорѓиоска, родена 1981 година во Скопје, каде завршува основно и средно медицинско училиште отсек забен техничар.
На Стоматолошки Факултет дипломира во 2005 година. По завршување на приправничкиот стаж и положување на државен испит се вработува како доктор по општа стоматологија во ПЗУ “ Алфа Дент”- Скопје, а од 2007 година започнува со работа во ПЗУ Д-р Радован Ѓорѓиоски.
Доктор Мирјана Ѓорѓиоска работи општа стоматологија, современа ендодонција, детска стоматологија, естетска и реставративна стоматологија, парадонтологија, а во 2012 година активно учествува на курс за апликација на хијалуронски филери. Посетител е на сите позначајни едукативни семинари и конгреси во Македонија.
Во слободно време пее во хор.
Ужива и во читање на книги.
Од спортови сака рекреативно планинарење.
Активно зборува македонски, англиски, холандски, српски и хрватски.