Стоматолошка Поликлиника Ѓорѓиоски

Opening Hours : Понеделник до Петок 09 - 20 часот

Стоматолози

Д-р Маја Гушкова-Поповска

Д-р Маја Гушкова-Поповска е родена 1986 година во Кочани, каде завршува основно училиште. Средно медицинско училиште отсек забен техничар завршува во ДСМУ „Јане Сандански„- Штип.

На стоматолошкиот факултет во Скопје дипломира во 2010 година. По завршување на приправничкиот стаж и положување на државен испит волонтира како доктор по општа стоматологија во ЈЗУ „ Јане Сандански„-Скопје. Во 2013 година се вработува како доктор по општа стоматологија во ПЗУ Д-р Радован Ѓорѓиоски.

Покрај општа стоматологија, Д-р Маја работи и естетска стоматологија, современа ендодонтска терапија, решавање на гингивити и парадонтопатии конзервативно и со мекоткивен ласер, предпротетска припрема и детска стоматологија.